Во синоќешниот пожар во болница во германскиот град Хемер, 30 километри југоисточно од Дортмунд, повредени се 28 лица, од кои пет се во тешка здравствена состојба.

Пожарот избил во болничка соба. Помеѓу повредените се и пациенти и болнички персонал.

Дел од зградата каде изби пожарот не е повеќе за користење. Сè уште не е позната причината за пожарот.