Пожар на рид над хотел во Охрид, изгореа 100 квадрати борова шума.

– На 24.12.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на хотел во Охрид на рид над хотелот настанал пожар при што горела борова шума на површина од околу 100 квадрати, информира МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Охрид.