Во шумските пожари што го зафатија Алжир загинаа 25 лица, вклучително и 10 војници, кои се обидуваа да го стават огнот под контрола.

Алжирското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 1.500 луѓе се евакуирани, а 24 се повредени.

Во Алжир регистрирани се 97 пожари во 16 провинции. Во гаснењето учествуваат околу 7.500 пожарникари, кои имаат и поддршка од воздух.