И додека по социјалните мрежи се трага по Сара Пројкоска и Ана Костадиновска, придружни вокали на „ДНК“, се дознава дека загинал Филип Стефановски, редовен член на бендот на „ДНК“, пренесе сајтот Екран.

Од него на трогателен начин се прости многу добриот пријател Ѓоко Ѓорчев.

Филип беше професор на Факултетот за музички уметности во Штип, но и творец на многу фестивали, како детски така и џез.