Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за Курир информира дека во несреќата учествувале „опел-астра“со гостиварски регистарски ознаки управувана од 52-годишниот гостиварец Ф.Е и „Мерцедес“ со скопски ознаки што го управувала 38-годишната М.С од Скопје.
-Во несреќата, две лица-сопатници од “Астрата” се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, вели Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, а поради несреќата сообраќајот на овој потег беше во прекин до 16 часот и 15 минути и се пренасочуваше по други, околни патишта.