Во првото полугодие од годинава просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 6,737 денари по киловат час, што претставува пораст од 3,9 отсто во споредба со второто полугодие од 2022 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност (ДДВ) за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6,980 до 11,744 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 40,357 до 57,790 денари по нормален кубен метар по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 69,614 денари за нормален кубен метар.