Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот.

„Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот. Ниту еден доказ, ниту еден конкретен демант.

Сериозна власт денес ќе презентираше конкретни докази дека постапката е согласно закон, ниту видовме записници ниту решенија за мерки дека канцерогените млеко и млечни производи се вратени односно соодветно уништени.

Несериозно е како институција директор на АХВ да излезе за ваков скандал и да каже дека Цветан и ВМРО лажат и шират паника, без да приложи барем еден доказ.

Повторно го повикувам Бабовски да излезе и со документи и докази за постапките кои наводно ги имаат преземено.

Во меѓувреме нека си ја спрема и оставката, но и нека се подготвува за одговорност, за скоро време“, стои во неговиот пост на Фејсбук.