– До 17 часот во Општина Ресен право на глас оствариле 6438 лица или 39,31 проценти. Изборниот ден минува мирно, без нарушувања на изборниот процес, изјави претседателот на ОИК Ресен, Тодор Китевски.
Тој информира дека до комисијата биле доставени седум приговори од лица на кои не им биле внесени податоците од новите документи за идентификација.