Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа година беа изгубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на Делта сојот и одбивањето на милиони Американци да се имунизираат.

Од почетокот на оваа година, повеќе од 450.000 луѓе во САД починале по инфекција со Ковид-19, што е 57 отсто од вкупниот број смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Годинава најголем дел од починатите биле невакцинирани, велат здравствените експерти. Бројот на жртви е зголемен и покрај напредокот во лекувањето на пациентите со Ковид-19 и новите третмани.