„Тројца од ранетите се во критична состојба, а останатите се здобиле со повреди вон животна опасност“, се вели во соопштението на полицијата.

Причините за пукањето се истражуваат.

Портпаролот на полицијата изјави за ТВ каналот Еј-Би-Си дека непознат маж отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на комеморација, во чест на споменот на млад човек убиен дома пред неколку недели.