Во септември годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е 12,9 проценти помалку во однос на септември минатата година.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголем број одобренија се издадени во Полошкиот регион, 73, по што следат Скопскиот со 69, Вардарскиот со 34, Источниот со 30, а најмалку, четири, во Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 643 053 000 денари, што е за 21,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (48,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 74 (26,7 проценти) за објекти од нискоградба и 69 (24,9 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 277 објекти, на 145 (52,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (47,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 427 станови, со вкупна корисна површина од 40 344 метри квадратни.