Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 4,35 проценти и бележи мало месечно зголемување од 0,01 процентен поен.
На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 процентни поени. Слична динамика има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити, којашто изнесува 0,70 проценти, додека на годишно ниво забележан е пад од 0,08 процентни поени.
Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во септември изнесува 4.09 проценти по забележан месечен и годишен раст од 0,05 и 0,06 процентни поени соодветно, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,15 и 0,22 процентни поени на месечна и на годишна основа и сега изнесува 1,07 проценти.