Вкупно 138 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, во рамки на засилените сообраќајни акциски контроли.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат пешаците.
– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање, информираа денеска од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.