Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, шест мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет мерки за непочитување на првенство на минување, пет прекршоци што ги чинат пешаците, 48 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.