Вкупно 80 мерки, меѓу кои 40 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, седум за возење без возачка дозвола и две за поминување на црвено светло се изречени во текот на вчерашната акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, изречени се и по три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и за користење на мобилен телефон.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат акциските контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да се зголеми безбедноста во сообраќајот.