Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 330 мерки.

Како што информира МВР, меѓу санкциите 140 се за недавање предност на пешаци, 41 за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за возење без возачка дозвола и 15 за управување на технички неисправни возила.

– Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, се додава во соопштението.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.