Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 30 за непрописно паркирање…
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.