Изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци од пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.