Осумгодишно дете од скопската населба Пинтија почина вчера откако било нападнато од куче што го чувал соседот.

Од МВР соопштија дека околу 18:25 часот во ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив е донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, во сопственост на соседот Н.Г.

За случајот е известен јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција.