Тие се во стабилна здравствена состојба и се хоспитализирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека ќе бидат отпуштени, на домашно лекување, двајцата пациенти кои пред неколку дена пристигнаа на скопските клиники од софиската болница „Пирогов“.

-Двајцата хоспитализирани пациенти на Клиниката за пластична хирургија денес ќе бидат испишани на домашно лекување, тие се во добра здравствена состојба, посочи Филипче.

Со тоа во „Пирогов“ на лекување останува уште само еден од оние што успеаја да се спасат од изгорениот автобус, кој се наоѓа на Клиниката за неврохирургија.