Во соопштението се прецизира дека Батут на 15 декември во попладневните часови добил потврда од Националната референтна лабораторија за грип и други респираторни вируси на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, за првиот случај на инфекција со вирусот на грип от типот А (Х3) во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Батут посочува дека, како и во повеќето претходни сезони на надзор на грипот, лабораториската потврда на вирусот во овој период од годината е очекувана.

Во соопштението се потсетува дека минатата сезона 2020/2021 година немало лабораториска потврда за инфекција со вирусот на грип.

Од таму посочуваат дека најефикасна мерка за спречување на инфекција со вирусот на грип е вакцинацијата, како и да вакцината против грип е најбезбедна форма на индивидуална и колективна заштита.