Просечната плата во декември лани била 718 евра, а во декември годинава се очекува да достигне 816 евра – изјави за „Блиц Бизнис“ Синиша Мали, министер за финансии.
„Веќе се гледа дека сме на добар пат да го исполниме ветувањето што го дадовме дека просечната плата во Србија до крајот на 2026 година ќе биде 1.000 евра. Некои му се смееја на претседателот Александар Вучиќ кога ја презентираше проекцијата за просечна плата од 500 евра, а сега гледаме дека веќе сме на многу повисока бројка, која континуирано расте“, рече Мали.
За зголемувањето на заработката се осврна и претседателот Александар Вучиќ, кој ја отвори новата фабрика „Континентал“ во близина на Нови Сад, наведувајќи дека просечната плата во Белград е 930 евра.
„Од тоа во Врачар и Стари Град достигна околу 1.250 евра. Во Нов Белград и Савски Венац е над 1.200 евра. Во Нови Сад е 877 евра, а веќе во март или мај ќе оди на 950“, изјави претседателот Александар Вучиќ.
Како што додаде тој, она што е добро е што платите се зголемени и во Централна Србија, но не толку колку што сакале.
„Зголемувањето на просечните плати е направено ‘школски’ – не го загрозивме јавниот долг. Од извозот, зголемените инвестиции, инвестиции во инфраструктурни проекти, школски сѐ направивме, а Србија од 4-то место ќе биде првв во регионот и по приходите, останува да ги зголемиме пензиите за да можат да бидат во чекор со платите“, заклучи Вучиќ.
Економистот Љубодраг Савиќ не оспорува дека растат и платите и економијата, но дека ова е момент кога контекстот на инфлација е многу важен.
„Зголемувањата се овозможени поради подобри економски резултати од очекуваните. Номинално повеќе средства се слеаа во државниот буџет поради зголемувањето на инфлацијата. И ова покачување прво е добро за буџетот на Србија затоа што во претходната година немаше одлив за плати и пензии, па полесно се исплаќа“, рече Савиќ и додаде дека со ова зголемување имало и зголемување на цените, пишува „Блиц“.
„Како што сега стојат работите, промена на односот цена-плата нема да се случи наскоро. Инфлацијата ќе биде присутна и Владата ќе мора да продолжи да ги зголемува платите и пензиите“, вели тој.