Албанците запленија танкер со руска нафта и го уапсија екипажот

А
Регион 22.02.2023. 19:16

Албанија заплени танкер со 22.500 тони нафта за кои постои сомневање дека доаѓа од Русија и го уапсиле екипажот за кршење на ембаргото, соопшти албанската полиција.

Танкерот за нафта и хемикалии бил регистриран во Либерија, а запленет е во Драч.

„Тинкерот наводно бил натоварен со нафта од друг танкер во грчкото пристаниште Каламата“, соопшти полицијата. Додаваат и дека за време на операцијата со кодно име „Ембарго“ ги уапсиле сите 22 членови на екипажот за понатамошна истрага.

Инаку, Албанија беше една од првите земји што воведе санкции кон Русија, пред една година, кога Москва ги започна нападите врз Украина.


Подкаст

Подкаст