Во еден ден се дадени 40.000 вакцини, изјави денеска директорот на Канцеларијата за информатичка технологија и е-Управа, Михаило Јовановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во првите денови бројот на првите вакцини скокна за 70 отсто, а бројот на третите за 30 отсто. Вчера имавме рекорд во последните четири, пет месеци, во еден ден се дадени 40.000 вакцини. Секако, дел прва, дел втората, дел други, што покажува дека очигледно овие мерки со пропусниците носат резултати кога се работи за вакцинацијата, изјави Јовановиќ за ТВ Прва.
Тој оцени дека „веројатно казнувањето и на некој начин контролата и принудата” даваат резултати во зголемување на процентот на вакцинирани против корона вирусот.