-Вакцините беа доставени во Србија од фабриката Генериум во Владимирскиот регион, рече Поповиќ.
Тој посочи дека руската вакцина „Спутник В“ има потврдена ефикасност од над 97 проценти.
-Спутник В’ е одлична и како ‘бустер’ вакцина, односно како трета доза од вакцината за граѓаните кои претходно примиле две дози од која било вакцина, рече министерот Поповиќ.
Според него, вакцините ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија што е можно поскоро.