Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба со која се одбележува 10-годишниот јубилеј од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија. Уметничко училиште со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа.

Средното уметничко училиште следната 2024-та е прослави голем јубилеј – 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија.