Пет организации на Обединетите нации повикаа на итно делување. Тие се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО), а заклучокот е дека коронавирусот брзо им ги смени животите на многу луѓе на Земјата затоа што ги изгубија работните места, а истовремено се зголемуваа цените, особено на основните животни намеринци.
Повеќето од неухранетите луѓе живеат во Африка, каде има најголем раст меѓу бројот на гладни, по што следуваат Азија, Латинска Америка и Карибите.