Браните попуштиле во неделата попладне, а една од нив достигнала максимален капацитет, водата се излеала над врвот пред целиот резервоар да се испразни за неколку минути. Како што се додава, штетата е огромна.

На снимките објавени на социјалните мрежи забележан е моментот на пукање на браните и водата која ‘избувнува’ и поплавува сè пред резервоарот.

На останатите снимки исто така се гледа како водата најпрвин почнала да се излева на крајбрежјето, пред бариерата да попушти и да се сруши.

Кинеските власти потврдиле дека локалното население е евакуирано и дека нема извештаи за жртви.