Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој.

Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата.