Почетокот на изградбата на објектот е предвиден за две недели на локација во селото Пршовце на магистралниот пат Тетово – Јажинце.

– Површината е околу 2.100 квадратни метри и капитална инвестиција од околу еден милион евра. Капацитетот на оваа установа ќе биде околу 170 деца. Значи оваа институција ќе служи не само за Општина Теарце, која има привилегија да ја има на нејзина територија, туку и за сите други населени места кои гравитираат и минуваат долж  регионалниот пат Тетово – Јажинце, изјави градоначалникот Нухи Незири.

Потпишани беа договор за градежни работи – „Изградба на градинка во Општина Теарце” и договор за „Надзор над градежни работи за изградба на градинките во Општина Тетово и Теарце“. Освен градоначалникот на Општина Теарце. Нухи Незири, договорите ги потпишаа и претставници од министерствата за финансии и за труд и социјална политика, како и од компаниите изведувачи.