Истражната постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е во тек
Трегедијата во Кочани отвори многу прашања кои бараат одговори. Од кочанскиот суд велат дека продолжува истражната постапка поврзана со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 61 лице, а над 200 беа повредени. Основниот суд во Кочани моментално работи на жалбите поднесени од страна на осомничените, информираше судот.
Пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од Хрватска, Шведска и Италија
Ограничена улога на судиите поради претходна вклученост
Претседателот на судот, Спиро Борисов, изјави дека сите пет судии од Основниот суд Кочани, заедно со еден делегиран судија, биле вклучени во фазата на истрага. Поради тоа, тие нема да можат да учествуваат во понатамошниот судски процес.
„Секој судија што постапувал во претходна постапка, согласно Законот за кривична постапка, не може да суди подоцна“, нагласи Борисов.
Ангажирани и делегирани судии
За да се обезбеди правична постапка, еден судија е делегиран од друг Основен суд со проширена надлежност. Овој потег има цел да се обезбеди правна непристрасност при евентуалниот судски процес.
Процесот се движи со правна прецизност
Во моментов, судот постапува по жалбите поврзани со првичните одлуки на судии на претходна постапка. Борисов изјави дека повеќе детали не можат да бидат објавени поради природата на процесот. Трегедијата во Кочани ги извади на виделина проблемите на македонскиот систем кои веќе 30 години тежнеат во нашето општество. Министерот Тошковски најави одговорност за сите кои несоодветно постапиле за да стигне до трагедијата.
Извор: Алсат