Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со врнежи од дожд и снег на пониските и само од снег на планините и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
За време на викендот врнежите од дожд и снег наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.