Како што информираат од МВР, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 24 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, а седум за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 12 мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 43 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Во текот на вчерашниот ден санкционирани повеќе од 140 возачи
В
Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, вчера, на територијата на град Скопје, биле санкционирани 141 возач.
