На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.625 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.883 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516.797 граѓани.
Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни, со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.