Министерството за одбрана на Нигер денеска соопшти дека 17 војници биле убиени во заседа од терористи во југозападниот регион што граничи со Буркина Фасо.
Министерството наведува дека одред на војската на Нигер бил нападнат од заседа и дека се неутрализирани повеќе од стотина „терористи“.
Бројот на напади во Нигер се намалува од 2021 година, но безбедноста останува главен проблем, особено на југозападниот дел на земјата, во близина на границата со соседен Мали, каде заминувањето на француските војници минатата година остави безбедносен вакум, а се проширија и групите поврзани со Исламската држава и Ал Каеда.