Денеска (18 ноември) во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Две од пречекорувањата биле за над 70 километри на часПокрај ова, санкционирани се и шест пречекорувања во населено место, од кои едно за 50 километри на час, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Во акцијата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци.