Прилепчанецот на 06.08.2020 година на социјалната мрежа Фејсбук објавил оглас за продажба на амфора, со висина од 1 метар и ширина 80 сантиметри, за сума од 20.000 денари.

На 02.11.2020 година, при извршен претрес, полициски службеници ја пронашле и ја одзеле амфората.

-Пријавениот, амфората ја ископал од археолошко наоѓалиште и ја присвоил со намера да ја продаде и да се стекне со противправна имотна корист, знаејќи дека се работи за културно-историско наследство наведено е во соопштението.