Најмалку 28 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија денеска властите.

Најмалку 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето во најтешко погодената провинција Лејте, а 27 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Три лица ги загубија животите во провинцијата Источен Хегрос, а уште три на јужниот остров Минданао, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.

Повеќе од 17.000 лица ги напуштија своите поплавени домови каде што е исклучена струјата.

Меги, позната на Филипините по локалното име Агатон, е првата голема тропска бура што ја погоди земјата, која инаку годинава често пати е погодена од природни катастрофи.