Во западниот украински град Тернопил, e отстранет споменикот на рускиот поет Александар Сергеевич Пушкин.
Градоначалникот на Тернопил, Сергеј Надал, на Телеграм напиша дека Пушкин нема никаква врска со Тернопил, како и повеќето руски писатели, композитори и други.
Тој додаде дека по, како што наведе, „руските злосторства во Украина“, во Тернопил нема место за руски и советски споменици.
Надал објави и фотографија од постаментот на кој е поставен споменикот на Пушкин.
Претходно беше отстранета биста на Пушкин во градот Мукачево, во западна Украина.