Градежните работи ги изведува фирмата „Евро Инженеринг“. Средствата за бетонирање на улицата се обезбедени од Програмата за уредување на градежно земјиште во висина од околу 1.400.000 денари со вклучен ДДВ.
Како што информираат за МИА од Општина Велес, досега работите се завршени 30 отсто, а нивното завршување ќе зависи од временските услови. Воедно, наведуваат дека Општина Велес деновиве потпишала Договор со изведувачот за санација на колектор за одведување на фекални отпадни води во населбата Превалец, во должина од околу 200 метри.
Според општината, градежните работи на овој проект се планираат да почнат до крајот на годинава.