Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.
Според податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.