За вториот потврден случај пријавата во Институтот за јавно здравје пристигнала вчера. Според информациите од ИЈЗ, едниот примил две дози на вакцина против ковид, а другиот бил невакциниран.
Податокот денеска го соопшти епидемилогот од ИЈЗ д-р Драган Кочински, кој дополни дека според нивните извештаи има и 953 реинфекции.
Од анализите што ги прават во Институтот за јавно здравје повеќе заболуваат жени од мажи, но поголем ризик од смртен исход има кај мажите.