Во моментов се одржува заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и амбасадорот на Велика Британија Лосон.

Тие ќе ја информираат  јавноста за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за потпишување договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Средбата се одржа во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.