Вкупно 120 планинари од Крива Паланка, Куманово, Pробиштип и Скопје, вчера го искачија вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев Врв, во зимски услови, во рамки на заедничката акција организирана од планинарско- спортски клуб „Калин Камен”, Крива Паланка и планинарско друштво „Хајкинг”, Скопје.
– На оваа акција имаше повеќе од 120 планинари. Покрај нашите друштва имавме и планинари од „Козјак”, Куманово и планинари од Пробиштип. Времето ни беше наклонето бидејки температурата не беше ниска, а ветерот ја немаше таа сила како предходните години. Акцијата започна од собирна точка „Осоговски бисер”, по што групите се упатија кон езерцето, локација на која како водич, заедно со колегата Славко Новјановски ги запознавме учесниците со потеклото на името на Осоговските Планини, името на Калин Камен се запознаа со сите неопходни детали за движење низ планина во зимски услови. Околу еден час подоцна ја искачивме првата кота, Калин Камен, на 1.884 надморска височина, делница на која поради големиот нагон на теренот имавме проблем со замрзнатиот снег, па движењето беше бавно. На оваа кота одморивме малку, а планинарите уживаа во зимската идила. Продолживме движејќи се во отежнати услови, со големи траси подмрзнат снег и оголени била, што ни овозможи по брзо движење, за да, нешто по 12 часот, успешно го искачиме Царев Врв, на надморска височина од 2.084 метри, познат уште и како Султан Тепе. Овде групите се задржаа кратко и бездбедно се вративме до појдовната точка, кадешто уживавме уште малку во заедничка планинарска дружба, заминувајќи кон дома, изјави Стојане Костовски, планинарски водич од ЗПСК „Калин Камен”, Крива Паланка.