Каква порака ѝ испрати Америка на Македонија со ставањето на Артан Груби на црната листа? Дали може да има дестабилизација во Македонија? Што значи геополитиката на Доналд Трамп и каква поврзаност има со новите имиња на црната листа како Артан Груби и Енвер Беџети?

Според аналитичарот Агим Јонуз црната листа е политичка порака.

Реалната порака на Американците е „деца бидете мирни“. Тоа е исто како во една соба дечиња играат, а таткото со едното око ги гледа дечињата. Во еден момент кога дечињата ќе претераат со дерење и кога ќе бидат немирни, таткото преземе мерки.

„Деца прекинете“

Кој смета дека Американците ќе дозволат да има дестабилизација во овој момент? Деца прекинете, беше пораката на Америка, рече Јонуз алудирајќи на ставањето на Јонуз на црната листа.

Следете ја емисијата во живо на нашиот Фејсбук во живо или пак на нашата фреквенција 98,1.