Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска  ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1.198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.

Во 18:00 часот свое обраќање пред присутните  има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при што ќе презентира дел од  проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2024 година „Платформа #1198“.