Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП денеска го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици.

На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

Сакаме европска Македонија да биде пристојно место за живеење во кое нашите деца ќе се школуваат и ќе останат тука да живеат, порача лидерот на НСДП Горан Мисовски во своето обраќање на Конгресот.

Увери дека ќе победат на претседателските и на парламентарните избори, зошто, како што рече, на претседателските избори имаат противкандидат кој не го почитува уставното име на државата и вели дека никогаш нема да го користи. Лажните анкети на опозицијата, додаде, пропаднаа со не носењето на „собраните“ потписи во ДИК, туку кандидатурата со на нивниот претседателски кандидат на опозицијата со потписи од 30 пратеници.

На Конгресот поздравни обраќања имаа и претседателот Пендаровски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Во работниот дел од конгресот НСДП ги утврди Горан Мисовски, Соња Мираковски и Мики Милковски за кандидати на листите на коалицијата во Третата, Четвртата и Втората изборна единица.