Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, напладне, ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираната спортска сала „25 Мај“ во Радовиш.

Како што соопштија од Министерството за спорт, комплетната внатрешна реконструкција на спортската сала во Радовиш, која е завршена пред предвидениот рок, е една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура.

Со проектот кој е реализиран за помалку од два месеца, комплетно се санирани подот и трибините во салата. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони денари, наведуваат од владината прес-служба.