Стојкоски на граѓаните ќе им ги претстави проектите со кои, како што многупати нагласи досега, ќе ја направи Општината подобро место за живеење и функционална со што помалку проблеми.

Подобрување на хигиената во општината, изградба на најмалку две градинки и проширување на капацитетите на постојните, транспарентен и јавен процес при упис во детските градинки, вклучување на младите во креирањето на политиките, повеќе спортски игралишта и маалски живот се само дел од проектите кои досега ги спомена Стојкоски.