Пред затворот во Прилеп денеска е организиран протест.
Како што се вели во најавата, протестот е организира по повод неправедно осудените за случајот 27 април од страна Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.
Пред присутните ќе се обратат Мане Јаковлевски, Претседател на Унија на Ветерани и Александар Пандов, Претседател на Патриотски Институт.